Врз основа на член 30 и во врска со член 3 од Статутот на Здружението на музички и балетски педагози од Република С. Македонија под име Музички и балетски педагози (во понатамошниот текст Музички и балетски педагози), Собранието на ден 02.03.2025 год. донесе:
ПРАВИЛНИК
За организирање Фестивал на музички и балетски таленти од Република С. Македонија
1. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
член 1
Фестивалот на музички и балетски таленти од Република С. Македонија (во понатамошниот текст фестивалот) го организира и остварува Музички и балетски педагози, во соработка со Министерството за култура на Република Македонија, Музичките и балетски училишта на РМ, Музичка младина, Македонската телевизија и други.
2. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
член 2
Цел на фестивалот е:
- вреднување на нивоата на стекнатите знаења, умеења и вештини на учениците;
- рангирање според постигањата на учениците;
- откривање на талентирани ученици;
- согледување на степенот на развој на стручното музичкото образование во Р. С. Македонија;
- овозможување наградените ученици професионално да се ориентираат кон музичката уметност;
- размена на педагошко искуство.
3. ОРГАНИ НА НАТПРЕВАРИТЕ
член 3
Органи на натпреварите се:
- Совет на натпреварот
- Организационен одбор
член 4
Советот на натпреварите има свој претседател, односно претседателот на Музичките и балетски педагози и секретар. Во Советот на натпреварите членуваат наставници, претставници на сите организации кои учествуваат и соработуваат со музичките и балетски педагози во организирањето и остварувањето на фестивалот.
член 5
Организациониот одбор го избира Управниот одбор по предлог на Претседателот. Мандатот на организациониот одборот трае една година и истекува со завршувањето на натпреварот.
член 6
Организациониот одбор ги има следните надлежности:
- непосредно го организира фестивалот;
- обезбедува финансиски средства;
- обезбедува сместување на ученици, членови на жирито;
- обезбедува сали за натпреварот;
- го објавува натпреварот во јавните медиуми;
- обезбедува телевизиско снимање на завршниот концерт на фестивалот;
- и други работи за непречено одвивање на фестивалот.
4. КОМИСИИ И ОЦЕНУВАЊЕ
член 7
Фестивалот е со натпреварувачки карактер
Комисиите за сите дисциплини на фестивалот се составени од најмалку 3 члена.
Членовите на комисиите ги именува Управниот одбор на Музичките и балетски педагози од редот на истакнати наставници, репродуктивни уметници, хорски и оркестарски диригенти од Р. Македонија и странство.
По потреба Управниот одбор може да врши групирање на комисиите за дисциплините и тоа:
- за гудачки дисциплини (виола, виолончело и контрабас);
- за дрвени дувачки дисциплини (обоа, саксофон, фагот);
- за метални дувачки дисциплини (хорна, тромбон);
Комисиите се избираат еден месец пред почетокот на фестивалот.
член 8
Оценувањето на кандидатите го врши стручна комисија.
Членот на комисијата не го оценува кандидатот со кој е во роднинска или педагошка врска.
член 9
Бодирањето на комисијата се објавува на огласната табла, на веб страната www.mbp.org.mk
Комисијата треба да ги објави резултатите од своето бодирање најдоцна следниот ден од денот на фестивалот.
Во солистичките дисциплини не е дозволено комисијата да дискутира за време на бодирањето.
член 10
На членовите на комисијата им се обезбедуваат патни и хотелски трошоци и се исплатува хонорар. Висината на хонорарот ја утврдува Управниот одбор пред фестивалот.
5. НАГРАДИ
член 11
Секој член на комисијата го оценува учесникот со бодови од 50 до 100.
Бодирањето на учесниците на натпреварот може да овозможи и добивање на соодветни награди и тоа:
- Две први награди
- Три втори награди
- Четири трети награди
- Пофалница
За прва награда кандидатот треба да освои над 95 бода.
За втора награда кандидатот треба да освои над 90 бода.
За трета награда кандидатот треба да освои над 85 бода.
За пофалница кандидатот треба да освои над 80 бода.
член 12
Доколку два или повеќе учесници се оценети со ист број бодови, добитник на повисокото место е помладиот учесник.
Одлуката на комисијата е неотповиклива.
Комисијата не е обврзана да додели прва, втора или трета награда, доколку оцени дека кандидатите не ги задоволуваат критериумите.
За да не се пречекори бројката на доделени награди, доколку два или повеќе кандидати се оценети со ист број бодови, добитник на наградата е помладиот учесник, (останатите се рангираат на пониско место).
член 13
На секој учесник на фестивалот му се доделува диплома за учество.
На наградените учесници им се доделува диплома за освоена награда.
Наставниците чии ученици се добитници на прва, втора или трета награда добиваат Диплома за освоената награда.
член 14
Пријавите за учество на фестивалот се доставуваат до организаторот најдоцна 15 дена пред почетокот на фестивалот. Во прилог на пријавите се доставува фотокопија од свидетелство за завршена година на учење и потврда за платена котизација.
8. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ФЕСТИВАЛОТ
член 15
На фестивалот учествуваат:
- кандидати државјани на Република С. Македонија
- кандидати со платена котизација.
9. ПРОПОЗИЦИИ ЗА ВОЗРАСТА НА УЧЕСНИЦИТЕ
член 16
Во сите дисциплини учесниците се натпреваруваат во категории според одделението, годината која ја навршуваат во календарската година на натпреварот.
член 17
На учесниците им е дозволено да се натпреваруваат во повисоки одделенија.
член 18
Фестивалот се изведува во дисциплини одредени според пропишаните наставни предмети за основно и средно музичко образование во наставните планови објавени од БРО на Р. С. Македонија.
За дисциплините во кои учесниците се натпреваруваат со полагање на пишан тест, организаторот обезбедува тестот да биде на наставен јазик на кој учесниците ја следат редовната настава.
13. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 19
Сите документи кои се однесуваат на натпреварот (потпишани и оверени) се чуваат во архивата на Музичките и балетски педагози.
член 20
Измени и дополнување на овој Правилник се врши на ист начин и постапка како и за негово донесување.
член 21
Овој правилник влегува во сила со денот на неговото донесување.
Музчки и балетски педагози
Ѓорге Улишев