Почитувани,
Ве информираме за организација и реализација на „Натпревар за основно балетско образование 2018“.
Натпреварот ќе се одржи во МОБ, Скопје на 27 ноември 2018 во 12:00 часот (мала сцена на МОБ)
Пријавување:
Пријавувањето се врши исклучиво по електронски пат со кликање на следниот линк:
https://goo.gl/forms/udlPoXKoWJvluqnJ3
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ е до 10 ноември 2018.
Дисциплини:
- Соло
- Група до 9 ученици
- Група со 10 и повеќе ученици
Категории:
- Основи на балетот (8-10 години) прва категорија
- Класичен балет (10-12 години) втора категорија
- Класичен балет (12-14 години) трета категорија
Котизација за учество:
- 1000 ден. од соло учесник за еден предмет
- 500 ден. од учесник во група до 9 ученици
- 3000 ден. од група со 10 и повеќе ученици
Уплатено на име:
Музички и балетски педагози
жиро сметка 300-00000-10380-33
Комерцијална банка АД Скопје
Котизација за учество на државен натпревар
Програма
Основи на балетот (8-10 години) прва категорија
Една точка до 2 мин.
(балетската точка треба да содржи елементи од наставната програма за таа возраст)
Класичен балет (10-12 години) втора категорија
Една точка до 3 мин.
(балетската точка треба да содржи елементи од наставната програма за таа возраст)
Класичен балет (12-14 години) трета категорија
Една точка до 3 мин.
(варијација од класичниот репертоар: ,,Заспаната убавица“, „Копелија“ и други балети) или групна точка (балетската точка треба да содржи елементи од наставната програма за таа возраст).