Почитувани,

Ве информираме за организација и реализација на „Натпревар за основно балетско образование 2018“.

Натпреварот ќе се одржи во МОБ, Скопје на 27 ноември 2018 во 12:00 часот (мала сцена на МОБ)


Пријавување:

Пријавувањето се врши исклучиво по електронски пат со кликање на следниот линк:

https://goo.gl/forms/udlPoXKoWJvluqnJ3

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ е до 10 ноември 2018.


Дисциплини:

  • Соло
  • Група до 9 ученици
  • Група со 10 и повеќе ученици

Категории:

  • Основи на балетот  (8-10 години) прва категорија
  • Класичен балет (10-12 години) втора категорија
  • Класичен балет (12-14 години) трета категорија

Котизација за учество:

  • 1000 ден. од  соло учесник за еден предмет
  • 500 ден. од учесник во група до 9 ученици
  • 3000 ден. од група со 10 и повеќе ученици

Уплатено на име:

Музички и балетски педагози
жиро сметка 300-00000-10380-33
Комерцијална банка АД Скопје
Котизација за учество на државен натпревар


Програма

Основи на балетот  (8-10 години) прва категорија

Една точка до 2 мин.
(балетската точка треба да содржи елементи од наставната програма за таа возраст)

Класичен балет (10-12 години) втора категорија

Една точка до 3 мин.
(балетската точка треба да содржи елементи од наставната програма за таа возраст)

Класичен балет (12-14 години) трета категорија 

Една точка до 3 мин.
(варијација од класичниот репертоар: ,,Заспаната убавица“, „Копелија“ и други балети) или групна точка (балетската точка треба да содржи елементи од наставната програма за таа возраст).