Почитувани,

Ве информираме за организација и релизација на натпреварите за основно музичко образование.

Право на учество:

Редовни ученици во Државни Основни музички училишта

Дисциплини:

Солфеж, пијано, виола, гитара, обоа, кларинет, фагот, тромбон, хармоника, удирачки инструменти.

Термини за одржување на натпреварите

Општински: 22, 23 март 2019

Регионален: 29, 30 март 2019

Државен: 12-13 април 2019

Општинските натпревари ќе се одржат во локалните музички училишта.

Регионални натпревари (поделба на региони и локација на одржување):

ЦЕНТРАЛЕН (Скопје, Крива Паланка и Куманово) место на одржување: Скопје

СЕВЕРЕН – (Тетово и Гостивар) – место на одржување: Тетово

ЗАПАДЕН – (Прилеп, Битола и Охрид) – место на одржување: Битола

ЈУЖЕН – (Велес, Кавадарци, Гевгелија и Неготино) – место на одржување: Велес

ИСТОЧЕН – (Штип, Кочани, Радовиш, Пробиштип, Ново Село и Струмица) – место на одржување: Штип

Жири

Комисиите се составени од  5 члена со минимум 5 години успешно работно искуство по соодветниот музички предмет.

За општинските и регионалните натпревари, координаторите од училиштето организатор, се одговорни да одредат и организираат комисии.

Пријавување

Пријавувањето се врши исклучиво по електронски пат. Линкот за пријавување е достапен на нашата веб страна www.mbp.org.mk

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ  08. 03. 2019

Котизација за учество:

  • 1000 ден. од учесник за една дисциплина
  • 500 ден. доколку се пријавува за учество во втора дисциплина

Уплатено на име:

Музички и балетски педагози

жиро сметка 300-00000-10380-33

Комерцијална банка АД Скопје

Котизација за учество на државен натпревар

Сите други документи (уплатница со платена котизација за учество, копија од извод на матична книга на родени, свидетелство од последното завршено одделение за учесниците по солфеж) да се донесат на увид пред самиот натпревар.

Правилник за награди на државен натпревар

Се доделува:

Една диплома за Прво место – со највисоки бодови од првите награди (доколку има два или повеќе учесници со ист број бодови првото место го добива помладиот учесник)*

Две дипломи за Прва награда – 95-100 бода

Три дипломи за Втора награда – 90-94,99 бода

Пет дипломи за Трета награда – 85-89,99 бода

Пофалници ­– 80-84,99 (неограничен број дипломи)

*)Првото место е поддржано со награда од Министерството за Образование и Наука на Р. Македонија

Во предкатегорија  и  прва а категорија наградите се неограничени освен дипломата за „Прво место“ која е неделива.

Добитниците на први и втори награди продолжуваат од општинско на регионално и од регионално на државно ниво.

Наградите на општинско и регионално ниво се неограничени.

Во категории со 25 и повеќе кандидати, вторите и третите награди за зголемуваат за плус две награди на државно ниво.

Комисиите треба независно да гласаат за учесниците со помош на пишани бодовни листи, без меѓусебни дискусии.**

**)Начинот на пресметување на бодовите е регулиран со интерен правилник за организација на државен натпревар по музика.

Натпреварувачки материјали

Бодовни листи и програма ќе им бидат доставени на координаторите по имејл од страна на Борис Светиев (контакт – dmbuc.bsvetiev@gmail.com) за да можат истите да изготват распоред со саатници.

За сите додатни информации обратете се до Ѓорге Улишев и Борис Светиев,

Со почит,

Музички и балетски педагози,