ТРЕТА – А – категорија (I, II година)
(Програма од 15 до 20 минути)
ДУО: два инструмента без клавир
КЛАВИРСКО ДУО: дувачки инструмент и клавир
КЛАВИРСКО ТРИО, КВАРТЕТ
ДУВАЧКО ТРИО, КВАРТЕТ, КВИНТЕТ
НЕКЛАСИЧНИ СОСТАВИ
Програма: минимум две композиции по избор
ТРЕТА – Б – категорија (III, IV година)
(Програма од 20 до 30 минути)
ДУО: два инструмента без клавир
КЛАВИРСКО ДУО: дувачки инструмент и клавир
КЛАВИРСКО ТРИО, КВАРТЕТ
ДУВАЧКО ТРИО, КВАРТЕТ, КВИНТЕТ
НЕКЛАСИЧНИ СОСТАВИ
Програма: минимум две композиции по избор
Поделбата според типот на камерни ансамбли се врши врз основа на постоечките класични камерно музички дела, од дуа до нонети.
Во секоја категорија како посебна дисциплина се предвидени барокни ансамбли (трио, квартет, квинтет).
Во овој случај можен е широк спектар на избор на инструменталисти.
Делата повеќе се пишувани за два или три инструмента со висок регистар (сопрански) и бассо континуо, што овозможува да се користат разни комбинации на инструменти: виолина, флејта, обоа во соло линии,на како хармонски инструмент клавир, чембало, оргули, хармониум или харфа, во соработка со виолончело, контрабас или фагот (како бассо континуо).
Ако се користат два инструмента од висок регистар за да се исполни условот за барокни квартет или квинтет, останатите солистички инструменти мораат да имаат изразена самостојна партија.
Под поимот “некласични ансамбли” се подразбираат разни комбинации на инструменти кои не се опфатени во типичните ансамбли. Бројот на учесници во овие ансамбли може да се движи до нонет.
Делата со циклична форма, доколку има повеќе ставови, можат по избор да се изведат само четири, што одговара на облик на класична циклична форма од типот соната, трио или квартет.