Програмите за државниот натпревар за ученици и студенти во 2026 година се објавени на следните линкови за основно и за средно музичко образование, како и за студенти.
Според новиот правилник за државни натпревари од МОН општински натпревар не се одржува во општините со само едно музичко училиште.
Пријавувањето се прави на следниот линк со краен рок 6 март 2026 година.
Натпреварот ќе се одржи во следните термини:
Регионалните натпревари ќе се одржад според следната поделба:
- Централен регион: (Скопје, Куманово, Крива Паланка) место на одржување Скопје
- Северен регион: (Тетово, Гостивар) – место на одржување: Тетово
- Западен регион: (Прилеп, Битола, Охрид и Струга) – место на одржување: Битола
- Јужен регион: (Велес, Кавадарци, Гевгелија и Неготино) – место на одржување: Гевгелија
- Источен регион: (Штип, Кочани, Радовиш, Ново село, Пробиштип и Струмица) – место на одржување: Штип
Право на учество имаат редовни ученици во основно и средно музичко училиште како и студенти на факултетите за музичка уметност.
Правилата за одржување на натпреварот се објавени во правилникот за организирање на општински, регионален и државен натпревар на ученици и студенти во музичко образование.
Котизација за учество:
- 1000 ден. од учесник за една дисциплина
- 500 ден. доколку се пријавува за учество во втора дисциплина
Уплатено на име:
Музички и балетски педагози
жиро сметка 300-00000-10380-33
Комерцијална банка АД Скопје
Котизација за учество на државен натпревар