Правила за доделување награди од ПРАВИЛНИК за организирање на општински, регионален и државен натпревар на ученици во основно музичко образование:

НАГРАДИ
член 12
Секој член на комисијата го оценува учесникот со бодови.
Бодирањето на учесниците на натпреварот може да овозможи и добивање на соодветни награди и тоа:
прва награда: од 95 до 100 бода
втора награда: од 90 до 94,99 бода
трета награда: од 85 до 89,99 бода
член 13
На државниот натпревар можат да бидат доделени награди во секоја категорија од секоја дисциплина на најмногу 50% од активните учесници и тоа:
– 20% први награди
– 30% втори награди
– 50% трети награди
Добитниците на прва награда со највисоки бодови на државниот натпревар добиваат диплома за освоено прво место со кое може да се конкурира за парична награда од Министерството за образование.
Комисијата не е обврзана да додели прва, втора или трета награда, доколку оцени дека кандидатите не ги задоволуваат критериумите.
За да не се пречекори бројката на доделени награди, доколку два или повеќе кандидати се оценети со ист број бодови, добитник на наградата е помладиот учесник, (останатите се рангираат на пониско место).

Categories: ВЕСТИ