Програмите за државниот натпревар за основно музичко образование за 2025 г. се објавени на следниот линк.

Пријавувањето се прави на следниот линк со краен рок 5 март 2025 година.

Натпреварот ќе се одржи во следните термини:

Општински: 24 март 2025

Регионален: 3 април 2025

Државен: 15-16 април 2025

Општинските натпревари ќе се одржат во локалните музички училишта, а регионалните натпревари според следната поделба:

  • Централен регион: (Скопје, Куманово, Крива Паланка) место на одржување Скопје
  • Северен регион: (Тетово, Гостивар) – место на одржување: Тетово
  • Западен регион: (Прилеп, Битола, Охрид и Струга) – место на одржување: Битола
  • Јужен регион: (Велес, Кавадарци, Гевгелија и Неготино) – место на одржување: Гевгелија
  • Источен регион: (Штип, Кочани, Радовиш, Ново село, Пробиштип и Струмица) – место на одржување: Штип

Право на учество имаат редовни ученици во основно музичко училиште.

Правилата за одржување на натпреварот се објавени во правилникот за организирање на општински, регионален и државен натпревар на ученици во основно музичко образование.