Почитувани,

Ве информираме за организација и реализација на „Државен натпревар за средно балетско образование 2018“.

Термини и места за одржување на натпреварите:

Општински:  21 ноември 2018 (ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“- Скопје)

Регионален: 24 ноември 2018 (ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“- Скопје)

Државен:     27 ноември 2018 (Мала сцена на МОБ – Скопје)


Пријавување:

Пријавувањето се врши исклучиво по електронски пат со кликање на следниот линк:

https://goo.gl/forms/e256KuiSRC4ewjgt1

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ е до 10 ноември 2018.


Предмети:

  • Класичен балет
    (I год. II год. III год. и IV год.)
  • Карактерни игри
    (I год. II год. III год. и IV год.)
  • Модерен балет
    (I год. II год. III год. и IV год.)
  • Џез балет
    (III год. и IV год.)
  • Модерен и џез балет
    (I год. II год. III год. и IV год.)

Дисциплини:

  • Соло
  • Група до 9 ученици
  • Група со 10 и повеќе ученици

Категории:

  • Прва година
  • Втора година
  • Трета година
  • Четврта година

Котизација за учество:

  • 1200 ден. од  соло учесник за еден предмет
  • 500 ден. од учесник во група до 9 ученици
  • 3000 ден. од група со 10 и повеќе ученици

Уплатено на име:

Музички и балетски педагози
жиро сметка 300-00000-10380-33
Комерцијална банка АД Скопје
Котизација за учество на државен натпревар


Програма

Програма за општински: една точка од зададената програма

Програма за регионален: една точка од зададената програма (различна од точката за општински натпревар во категориите каде што се бара две точки во програмата подолу)

Програма за државен: целосна програма (две точки доколку се бара тоа во програмата подолу)

Класичен балет

  • Прва година: една варијации
  • Втора година: една варијации
  • Трета година: две варијации
  • Четврта година: две варијации

(Варијации од класичниот репертоар:
„Заспаната убавица”, „Оревокршачка”, „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски;
„Дон Кихот“, „Корсар“, „Пахита“, „Бајадера“ од Л. Минкус;
„Жизел“ од А. Адам;
„Копелија“ од Л. Делиб;
„Есмерлда“, „Сатанела“, „Дајана и Актеон“ од Ч. Пуни;
„Ѓаволеста девојка“ од П. Хертел;
„Париз во пламен “ од Б. Асафиев
и други балети…)

Карактерни игри

Соло или група

Една точка од 3 до 5 минути за сите години.

Модерен балет

Соло или група

Една точка од 3 до 5 минути за сите години.

Џез балет

Соло или група

Една точка од 3 до 5 минути за сите години.

Модерен и џез балет

Соло или група

Една точка од 3 до 5 минути за сите години.