Врз основа на член 30 и во врска со член 3 од Статутот на Здружението на музички и балетски педагози од Република Македонија под име Музички и балетски педагози  (во понатамошниот текст Музички и балетски педагози), Собранието на ден  08 – 03 – 2016 год.  донесе:

ПРАВИЛНИК

За организирање на општински, регионален и државен натпревар на ученици во основно и средно балетско училиште

1. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

 член 1

Натпреварите на ученици по балет на Република Македонија(во понатамошниот текст натпреварите) ги организира и остварува Музичките и балетски педагози и наставници, во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија, Министерството за култура на РМ, Музичките и балетски училишта на РМ, Музичка младина, Македонското телевизија и други.

 

2. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

член 2

Натпреварите се организираат како постојана и трајна манифестација во рамките на системот на музичкото и балетско образование Р. Македонија.

Цел на натпреварите е:

  • Вреднување на нивоата на стекнатите знаења, умеења и вештини на учениците;
  • рангирање според постигањата на учениците;
  • откривање на талентирани ученици;
  • согледување на степенот на развој на балетското образование во Р. Македонија
  • овозможување наградените ученици професионално да се ориентираат кон балетската уметност:
  • размена на педагошко искуство
член 3

Натпреварите се одржуваат секоја година на Општински, Регионален, Државен натпревар.

 

3. ОРГАНИ НА НАТПРЕВАРИТЕ

член 4

Органи на натпреварите се:

  • Совет на натпреварот
  • Организационен одбор
член 5

Советот на натпреварите има свој претседател, односно претседателот на Музичките и балетски педагози и секретар. Во Советот на натпреварите членуваат наставници, претставници на сите организации кои учествуваат и соработуваат со музичките и балетски педагози во организирањето и остварувањето на натпреварите.

член 6

Организациониот одбор го избира Управниот одбор по предлог на Претседателот.

Мандатот на Одборот трае една година и истекува со завршување на натпреварот.

член 7

 

Организациониот одбор ги има следните надлежности:

  • непосредно го организира натпреварот:
  • обезбедува финансиски средства:
  • обезбедува сместување на ученици,членови на жирито:
  • обезбедува сали за натпреварот:
  • го објавува  натпреварот во јавните медиуми:
  • обезбедува  телевизиско снимање на завршниот концерт на натпреварот:
  • и други работи за непречено одвивање на натпреварот.

4.  ЖИРИ И ОЦЕНУВАЊЕ

член 8

Жирито за сите дисциплини на натпреварот е составен од најмалку 3 члена.

Членовите на жири ги именува Управниот одбор  на Музичките и балетски педагози од редот на истакнати наставници, репродуктивни уметници, хорски и оркестарски диригенти од Р. Македонија и странство.

По потреба Управниот одбор може да врши групирање на жирито за дисциплините и тоа: класичен балет, карактерни игри, историски игри, модерен балет, класична поддршка, модерен и џез балет, карактерни игри, историја на балет, репертоар;  фолклорни игри, народни ора, историја на традиционална игра, обредни игри, балкански народни ора, народно пеење, народни инструменти, етнокореологија, етнологија.

Жири се избира еден месец пред натпреварот

член 9

Оценувањето на кандидатите го врши жири комисија.

Членот на комисијата не го оценува кандидатот со кој  е во роднинска или педагошка врска.

член 10

Секој член на комисијата го оценува кандидатот со бодови.

Највисок број на бодови е 100 (сто).

Бодирањето на секој член на комисијата  се објавува на огласната табла и во билтенот на натпреварот.

Жирито треба да ги објави резултатите од своето бодирање најкасно следниот ден од денот на натпреварот.

Не е дозволено комисијата да дискутира за време на бодирањето.

член 11

На членовите на жирито се обезбедува патни и хотелски трошоци и се исплатува хонорар. Висината на хонорарот го утврдува Управниот одбор пред натпреварот.

5. НАГРАДИ

член 12

Пласманот на учесниците на натпреварот може да овозможи и добивање на соодветни места и тоа:

прво место     –                     од      95 до 100     бода

второ  место  –                     од     90 до 94,99  бода

трето  место  –                     од     85 до 89,99  бода

член 13

На државниот натпревар можат да бидат доделени во секоја категорија на секоја дисциплина најмногу:

Едно прво  место

Едно второ место

Едно трето место

Доколку два или повеќе кандидати се оценети со ист број бодови, добитник на наградата е помладиот учесник.

Жирито не е обврзано да додели награда, доколку оцени дека кандидатите не ги задоволуваат критериумите.

Одлуката на жирито е неотповиклива.

член 14

Наградените учесници учествуваат на завршниот концерт на натпреварот.

член 15

На секој учесник на натпреварот му се доделува диплома за учество.

На наградените учесници им се доделува диплома за освоеното место.

На добитникот на прво место од завршниот концерт по можност се доделува и парична награда.

6.  ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАРИ

член 16

Општинските  натпревари се одржуваат 15 дена пред регионалните натпревари во општините каде има основно и средно балетско образование.

Општинските натпревари се одржуваат согласно истите пропозиции за возраст и програми како и регионалните и Државните натпревари.

7.  РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ

член 17

Регионалните натпревари се одржуваат 15 дена пред државните натпревари во следните регионални центри: Скопје.

На регионални натпревари учествуваат кандидати кои на општински натпревар освоиле прво и второ место.

Регионалните натпревари се одржуваат согласно истите пропозиции за возраст и програми како и државните натпревари.

член 18

Трошоците за регионалните натпревари ги подмируваат самите учесници.

Жирито за општинските и регионалните натпревари ги именува организаторот од редот на истакнати наставници вработени во училиштата на регионот.

член 19

Пријавите за учество на општинските и регионалните натпревари се доставуваат до организаторот најдоцна 15 дена пред натпреварот. Во прилог на пријавите се доставува фотокопија од изводот од матична книга на родените и потврда за платена котизација.

8.  ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР

член 21

На државен натпревар учествуваат:

  • редовни ученици од средно балетско училиште, државјани на Република Македонија,
  • кандидати кои на регионалниот натпревар добиле прво или второ место,
  • кандидати со платена котизација
член 22

Организаторот на регионалниот натпревар ги доставува пријавите до организациониот одбор на Државниот натпревар веднаш по завршувањето на регионалниот натпревар.

член 23

Организациониот одбор врши верификација на пристигнатите пријави за учество на државниот натпревар. Доколку кандидатот не ги исполнува условите предвидени со овој правилник, Одборот писмено го известува кандидатот и организаторот на регионалниот натпревар.

член 24

На учесниците им е дозволено да се натпреваруваат во повисоки категории.

9.  ПРОПОЗИЦИИ ЗА ВОЗРАСТА НА УЧЕСНИЦИТЕ

член 25

Во солистичките дисциплини учесниците се натпреваруваат во категории според годината на учење која ја навршуваат во календарската година на натпреварот.

 

10. ПРОПОЗИЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА

член 26

На натпреварот се оценуваат претставените кореографски точки во целост.

Натпреварот се изведува во следните дисциплини:

  • Класичен балет
  • Карактерни игри
  • Историски игри
  • Фолклорни игри
  • Модерен балет
  • Класична поддршка
  • Модерен и џез балет
  • Карактерни игри
  • Историја на балет
  • Репертоар
  • Народни ора
  • Историја на традиционална игра
  • Обредни игри
  • Балкански народни ора
  • Народно пеење
  • Народни инструменти
  • Етнокореологија
  • Етнологија

Учесниците на натпреварот самостојно го одредуваат жанрот на кореографските точки, тематиката и времето на секоја точка. Општото време на точките од натпреварувачката програма не смее да надмине 10 минути.

член 27

На секоја група и се овозможува една проба на сцена.

Редоследот на учесниците го одредува организаторот.

член 28

Фонограмите на кореографските точки треба да бидат доставени на CD. На омотот  треба да биде укажано името на учесникот и делото.

член 29

Програмските пропозиции во сите дисциплини и категории ги изготвуваат  селектори.

13. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

член 30

Организациониот одбор на натпреварот по завршување на натпреварот доставува извештај до училиштата за резултатите од сите нивоа а за Државниот натпревар и до: комисијата за акредитација, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието односно Центарот за стручно образование и обука.

Извештајот ги содржи сите податоци согласно ПРАВИЛНИКОТ за организирање и изведување на натпревари.

член 31

Сите документи кои се однесуваат на натпреварот (потпишани и оверени) се чуваат во архивата на Музичките и балетски педагози.

член 32

Измени и дополнување на овој Правилник се врши на ист начин и постапка како и за негово донесување.

 член 33

Овој правилник влегува во сила со денот на неговото донесување.

 

08.03.2016                                                                   ПРЕТСЕДАТЕЛ

Скопје                                                                            Улишев Ѓорѓе